СВР Штип поднесе две кривични пријави против Р.У.(1952) од Штип, доктор специјалист по медицина на трудот во ПЗУ „Д-р Ружа Штип“, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Во првиот случај пријавената во периодот од јануари 2012 година до март 2014 година противзаконито извршувала општа пракса како матичен лекар и наплаќала парични средства на име капитација од фондот за здравствено осигурување иако со Решение од Министерството за здравство и била одземена дозволата за работа по општа медицина.
Во вториот случај пријавената во периодот од мај 2013 година до март 2014 година во повеќе наврати со 21 правно лице склучила договор за вршење на систематски преглед на вработените без да поседува дозвола за работа од Министерството за здравство.
Во двата случаја пријавената овозможила ПЗУ „Д-р Ружа“ да се стекне со противправна имотна корист од 4.537.684 денари, при што за истиот износ му нанела штета на Фондот за здравствено осигурување , односно на Буџетот на Р Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст