| четврток, 6 декември 2018 |

Отров или лек: Алтернативни лекови кои нанесуваат повеќе штета отколку што помагаат

Повеќето вакви лекови ги пропишуваат т.н. лекари на природна медицина, кои често се нарекуваат и шарлатани. Повеќето од овие третмани се бескорисни, па дури и потенцијално штетни

Луѓето постојано трагаат по лекови кои ги излекуваат од разни болести, а и покрај напредокот на недицината многу од нив и денеска не неизлечливи. Конвенционалната медицина само ги држи под контрола или ги намалува симтомите. Спроти неа се наоѓа алтернативната медицина која нуди магични решенија мамејќи ги пациентите и давајќи им надеж.

Во Хрватска работи порталот Докази во медицината, чијашто цел е да им помогне на луѓето полесно да ги препознаат сомнителните, неделотворни и невтемелени третмани и да препознаат кои конценционални и природни лекови се совпаѓаат. Лекарите кои одговараат на прашањата се волонтери.

За разлика од општоприфатените насоки на алтернативната медицина, како хомеопатијата или акупунктурата, надрилекарите заработуваат многу пари нудејќи им магични лекови на очајните луѓе.

Со исцелување може да се занимава речиси секој, а третманит, односно сеансите се бизарни или научно невтемелени, а често задираат и во терапијата пропишана од конвенционалните лекари. Сепак, никој не може да спречи полнолетен пациент да ја избере својата терапија и да избере исцелување. Оваа практика се нарекува илегална медицина, а иако исцелителите не примаат плата, работатат како приватници кои не ги одбиваат паричните награди.

Овие шест третмани се докажано неделотворни и потенцијално штетни

1. Лаетрил (витамин Б17)

 

Хемиска состојка слична на амигдалинот која се наоѓа во семките од кајсии и друго овошје и во бадемите. Често се наведува како алтернативен лек за рак, а прв го синтетизирал д-р Ернест Т. Кребс во средината на минатиот век.

Едно од објаснувањата за неговата делотворност е дека клетките на ракот имаат одреден ензим кој не се создава во здравите клетки. Така овој лек ги труе со цијанидот што го содржи само клетките на ракот.

И покрај популарноста, многу научни студии докажуваат дека не е делотворен, а е и потенцијално опасен. Поради тоа забранет е во САД, но во остатокот од светот се користи.

2. Колоидно сребро

Популарен третман за голем број тешки болести, како рак, ХИВ, херпес и други бактериски и вирусни инфекции. Активната состојка е сребрен јон, а микроскопските честички се потопени во течност.

Најчесто се зема орално, а може да се прима и како инјекција. Ниту една угледна научна студија досега не ја докажала неговата делотвроност. Најчеста нуспојава е натрупување сребро во ткивата, состојба што се нарекува агирија, која не се смета за сериозен здравствен проблем, туку козметички.

На луѓето кои земаат колоидно сребро очите и внатрешните органи им ја менуваат бојата, најчесто добиваат сивосина нијанса. Преголемите количества можат да резултираат со оштетување на бубрезите, а можат да предизвикаат и разни невролошки проблеми.

3. Испирање на цревата

Иригација или испирање на цревата е практика во која во цревата преку анусот се воведува вода или друга течност, на пример кафе. Обично се работи за големо количество течност, а целта е да се исперат сите остатоци од изметот кои се задржале во цревата.

Поборниците на оваа метода тврдат дека таа е детоксикација на телото и дека сите болесто всушност потекнуваат токму од тука. Во текот на целото постоење на човекот цревата се сметаат за „брана на здравјето“, па ги испирале дури и старите Египќани.

Сепак, студија на Универзитетот Џорџтаун покажува дека зафатот не само што е бескорисен туку е и потенцијално опасен, зашто може да доведе до оштетување на цревата, црниот дроб и бубрезите или до перфорација. Освен тоа, ако се прави редовно, овој третман може да предизвика мрзеливи црева.

4. Германиум

Овој елемент се продава под разни имиња, како витамин О, металоид или германиум. Обично се користи за изработка на соларни ќелии, во системите на оптичките влакна, а во органска форма може да се најде во неколку билки и во незначително количество во храната. Истражувањата на германиумот за почнале во 30-тите години на минатиот век, а често се наведува дека е лек за ХИВ, рак, ревма, дијабетес.

Оние коли се колнат во неговата делотворност тврдат дека го поттикнува производството на интерферон и одреден видлеукоцити. Сепак, сите студии покажуваат дека во мали количества нема никаков учинок, а во поголеми резултира со штетувње на бубрезите, па дури и смрт.

5. Клеточна медицина

Основач на оваа практика е надрилекарот Матијас Рат, а ја проучува улогата на „микронутритиентите како биокатализатори во бројните метаболитички реакции на клеточно ниво“. Со промовирањето на свои витамински таблети, Рат и неговите соработници се веќе на суд.

Самиот тој тврди дека неговите додатоци на исхраната лекуваат и неизлечливи болести, но тоа повеќепати досега било демантирано со научни студии. Најпознат случај е кога Здружението на лекари по клеточна медицина се обидело преку оглас во весник да продаде лек за сида во јужна Африка, со што биле директно загрозени животите на луѓето кои ја отфрлиле конвенционалната терапија која бесплатно ја добивале од државата.

6. MMС – чудесниот минерален додаток

Ова чудесно минерално решение го измислил Џим Хамбл, човеко кој честопати себеси се нарекува Исус. Се работиза 28-процентен раствор на натриумхлорид, супстанција која се користи за избелувањехартија.

Според Хамбл, ММС треба да се меша со кисел сок од цитрон, што доведува до создавање на хлордиоксид, силен избелувач кој предизвикува пролив и повраќање. Наводно лекува маларија и сида во рок од неколку дена. ММС е забранет во неколку земји во светот, зашто е поврзан со повеќе смртни случаи настанати од труење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top