| четврток, 6 декември 2018 |

Маската за Ноќта на вештерките поради која се добива отказ

Тоа беше маска што го навлече бесот на многумина. 22-годишната Алиша Ен Линч од Мичиген, без да претпостави каква лавина од емоции, закани и гнев ќе предизвика, за Ноќта на вештерките се маскираше како жртва на бомбардирањето на  Бостонскиот маратон во април.

Уште понепромислено, фотографијата на коај Алиша е облечена како натпреварувачка со лажна размачкана крв, таа самата си ја постави на „Инстаграм“ и на „Твитер“.

За да биде нејзината грешка уште поголема, таа неодамна на истите социјални мрежи поставила и фотографија од својата возачка дозвола, по што разбеснетите читатели веднаш почнале да ѝ праќаат закани, а многумина пратиле писма и до нејзините родители.

Покрај мирот, Алиша оваа лоша шега ја чинеше и нејзината работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top