| четврток, 6 декември 2018 |

Мико: Самарас се надева дека Македонија ќе биде поделена меѓу Бугарија и Албанија

Miko(1)

Џејсон Мико

За американскиот аналитичар Џејсон Мико грчкиот предлог Македонија да се преименува во албанско-славјанска Македонија е директна провокација од страна на Грција и показател дека таа не е заинтересирана да се реши спорот.

– Неодамна, Даниел Сервер, аналитичар со долгогодишно искуство, ги даде своите ставови во врска со неодамнешниот предлог од Грците да се преименува Македонија во албанско-славјанска Македонија. Во својата анализа, Сервер јасно укажува дека ова е директна провокација од страна на Грција, посебно од премиерот Самарас и министерот за надворешни работи Венизелос. Тој, исто така, истакнува дека премиерот Самарас во 2009 година, кога тој не беше премиер, рекол дека Македонија ќе биде, во одреден момент, поделена меѓу Бугарија и Албанија. Ова нема да се случи, иако во неговата сегашна позиција како премиер, Самарас прави сè што може ова да се случи, со тоа што одбива да преговара и со предлагање апсурдни имиња. Тој не е во право, тој знае дека не е во право, меѓународната заедница знае дека Самарас не е во право, но не се врши притисок врз Грција поради нивната финансиска состојба и како таа може да влијае врз еврозоната. Животот не е фер и ова е совршен пример на таа неправедност – вели Мико во интервју за програмата „Гласот на народот“ на „ТВ Сонце“.

Сето ова, вели Мико, укажува на гласини од минатото дека Али Ахмети сè има ангажирано во сопствена слободна дипломатија сретнувајќи се со грчкото лидерство и, можеби, дури и сугерирајќи дека тоа име би било прифатливо за Албанците во Македонија.

Иднината на Македонија како што истакнува во разговорот е во македонскиот народ.

– Слободата никогаш не е слободна и таа никогаш не е загарантирана. За неа треба да се бори, со секоја нова генерација, да биде предадена на следната генерација, така што тие може да се борат за неа. Останува на вас, Македонијо. Вие можете да го направите тоа, во тоа сум сигурен – вели Мико во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top