И покрај 16. бодови предност што Барселона ги има во однос на Реал Мадрид и тоа токму на средина од 84. шпански фудбалски шампионат Лионел Меси вели дека постои неизвесност за титулата, што во Мадрид веднаш беше протолкувано само како претерана куртоазија на Аргентинецот. Тој вели во последните неколку години се случуваше некој од гигантите да побегне на ветувачка разлика, а потоа да биде стигнат – но заборави да соопшти дека никогаш во историјата на шпанскиот фудбал не се случило екипата што по половина од првенството има 16 поени разлика да не биде прва на крајот.
Меси, инаку, сè уште е под импресии на наградата „Златна топка“ на ФИФА, која кај него заврши по четврти пат едноподруго и смета дека тоа не значи дека тој е беспрекорен.
– Напротив јас сè уште имам простор за напредок во сите елементи од фудбалската игра – вели Лео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


