| четврток, 6 декември 2018 |

Скијачите се против Светското првенство во Катар

Светската федерација на зимски спортови (ФИС)се спротистави на идејата дека Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година треба да се игра во зима

 

 

fis-500

Скијачите и ски-скокачите се подготвени да потпишат и меморандум против упаѓањето на фудбалерите во нивниот терми. Како аргумент плус, лицата од зимските спортови го наведуваат и податокот дека во 2022 година ќе се одржат и Зимски олимписки игри.

Инаку, идејата на раководството на ФИФА Мундијалот во Катар да се игра во зима е поради екстремно високите температури кои владеат во летните месеци во оваа земја и покрај тоа што домаќинот гарантира пријатни услови за игра на сите стадиони кои би се постигнале со користење на разладни уреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top