| четврток, 6 декември 2018 |

Слепиот Бочели воодушеви со својот танц (ВИДЕО)

andra bocelli

Познатиот италијански оперски пејач е дел од тамошното шоу „Танц со ѕвездите“. Андреа Бочели, и покрај својот хендикеп, ја остави запрепастена публиката истовремено играјќи румба и пеејќи заедно со својата инструкторка Ненси Берт.

55-годишниот Бочели поради глауком, уште од своето раѓање имал проблеми со видот, за на 12 години целосно да го загуби. Тоа не му попречи да стане најдобар во она што го сакаше, па уште како млад се запиша меѓу великаните на светската оперска сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top