Српската пејачка Емина Јаховиќ во Турција е вистинска ѕвезда, што поради улогата на „Лале“ во истоимената серија, но дел и поради нејзиниот познат сопруг – актерот, пејач и композитор Мустафа Сандал. Емина, која во моментот е дел од жирито на балканското шоу „Икс фактор“, постојано патува на релација Белград – Истанбул.
Како што пренесуваат српските медиуми од извори блиски на продукцијата на шоуто, Емина утрово доцнела на истанбулскиот аеродром. Кога, конечно, пристигнала на влезот, авионот бил готов да полета, но кога за нејзиното доцнење слушнале пилотите и екипажот, го одложиле летот, сѐ додека таа не се качила на авионот.
Благодарение на својата популарност, таа стигнала навреме во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.