Грчката јавност стравува од бран одмазднички напади по убиството на двајца членови на Златна зора, кое се случи во петокот вечер пред канцеларијата на партијата во северна Атина. Грчките експерти за антитероризам сѐ уште испитуваат дали нападот е поврзан со убиството на раперот Павлос Фисас, кое го изврши активист на оваа неофашистичка партија. Полицијата засега смета дека, најверојатно, двајцата членови на Златна зора се убиени од „припадници на урбаната герила“.
Според грчките медиуми, кој и да стои зад убиствата, тие претставуваат тежок удар врз грчката демократија. Се смета дека „целта, местото и времето на убиствата се симболични“ и се со цел да се предизвика паника и несигурност меѓу луѓето, кои и онака се вознемирени поради економската криза.
Во меѓувреме, семејствата на двајцата убиени членови на Златна зора порачаа политичарите да не доаѓаат на закопот за да не се претвори во политички настан. Третото лице сѐ уште е во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија