
Неколку сериозни инциденти ги одбележија вчерашните локални избори во Косово. Како што јавуваат тамошните медиуми, српски екстремисти ги искршиле гласачките кутии на три гласачки места во Косовска Митровица, а на најмалку едно место насилниците биле вооружени. Каменувано е едно возило на ОБСЕ, а пронајдена е бомба во Косовска Митровица.
Од ОБСЕ информираат дека нивните набљудувачи биле повлечени од северниот дел на Косово од безбедносни причини, а гласањето било привремено прекинато на неколку избирачки места во Митровица за да бидат евакуирани.
Изборната комисија ја повикала ОБСЕ да им помогне во транспортот на гласачките кутии во станицата за борење во близина на Приштина. Според извештаите, одѕивот на изборите изнесува 45,79 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


