Најквалитетната хокеарска лига на светот, НХЛ, станува сѐ поопасна за играчите, а нова тешка повреда заработи голманот на Отава, Крег Андерсон. Напаѓачот на Далас, Валери Никушкин, невнимателно влезе во дуел со противничкиот голман и буквално го нокаутира со коленото.
Мораше да интервенира и медицинската екипа, а Андерсон на носилки беше изнесен од мразот. Сепак, подоцна голманот на Отава застана на нозе, но ќе мора да мирува извесно време.
Челните луѓе на НХЛ уште лани сериозно предупредија дека остро ќе ги санкционираат грубите стартови на хокеарите, по неколкуте стравични повреди што се случија во текот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


