Давид Вилја и Диего Коста се фудбалски велемајстори, а функционираат беспрекорно како тандем напаѓачи на Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ ја забележаа десеттата победа во 11 натпревар во шпанското првенство, токму благодарение на извонредните потези на Вилја и на Коста. Победен е Атлетик од Билбао со 2-0, а Вилја со убав волеј удар го отвори резултатот во 27 минута.
Во самиот финиш од првиот дел се истакна и првиот стрелец во Лигата, Коста со извонредна индивидуална акција и гол за 2-0. Коста со 13 погодоци е на делба на првата позиција со Кристијано Роналдо, а Вилја досега 6 пати ги тресеше противничките мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


