Вчера околу 16,30 часот во Скопје на патот с.Побожје-с.Бродец, додека С.А.(1990) од с.Брест-Скопје се превезувал во такси “Форд Фокус“, наишло патничко возило “Голф 4“ црвена боја без регистарска ознака, а во кое се превезувале М.Н, неговите два сина и еден роднина.
Тие излегле од возилото со палки во рацете и физички го нападнале С.А., удирајќи го во пределот на главата и телото. Од здобиените удари, тој се онесвестил, по што со возило на Итната помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје, каде дежурниот лекар за карактерот на повредите дополнително ќе се произнесе.
Причина за физичкиот напад е претходно меѓусебно нетрпение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.