| четврток, 6 декември 2018 |

Четврто место на „Miss Globe 2013“ за Симона Станковска

Во Драч, Албанија вчеравечер се одржа изборот за Miss Globe 2013. Македонија ја претставуваше 18-годишната студентка Симона Станковска од Скопје, која во конкуренција од преку 50 девојки влезе во најубавите десет и на крајот освои четврто место, како и титулите: Miss Globe Elegance, прва придружничка на мис талент и прва придружничка на мис бикини.

Симона победи на изборот за убавина на Македонија за Miss Globe и со тоа стекна право да ја претставува Македонија на овој силен интернационален избор за убавина кој според рејтингот е веднаш зад Miss World и Miss Universe.
– Немам зборови со кои би ја опишала среќата. Не сонував дека ќе имам ваков успех во толку силна конкуренција. Навистина имаше многу убави девојки а мој фаворите беше девојката од Русија која на крај се пласира зад мене. Пресреќна сум што Македонија ја претставив во вакво светло и благодарна сум за поддршката што ја имав од модното студио „Црнокрак“, вели Симона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top