| четврток, 6 декември 2018 |

Инциденти на изборите на Косово, екстремни десничари им се закануваат на гласачите

Гласачките места на локалните избори на Косово на кои граѓаните избираат советници и градоначалници во 39 општини, отворени се утринава во седум часот. Гласачките места ќе бидат затворени вечерва во 19 часот.
Есктремните десничари го попречуваат гласањето, а меѓу нив се и најекстремните „Образ“. Ескстремистите ги пресретнуваат жените и старците кои се упатруваат кон избирачките места и им се закануваат.
 Водачот на „Образ“ Младен Обрадовиќ се наоѓа на Косово каде што со група на свои луѓе го снима приоѓањето на групите кон избирачките места.
„Групата во која се наоѓа Обрадовиќ моментно никого не тепа, но отвориле лап-топ поставиле камери и го снимаат секој што оди на гласање,“ изјавил извор на Блиц.
Според Хашим Тачи, до 10 часот гласале 70 отсто од избирачите на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top