| четврток, 6 декември 2018 |

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас повторно заедно

Славната холивудска двојка повторно живее заедно во нивниот апартман во Њујорк, и настојува да го одржи бракот, пренесува британскиот Дејли Меил.
Кетрин на крајот од минатиот месец одлучила да му дозволи на Мајкл да се врати во станот во Њујорк  во намера да ги решат проблемите во бракот.

Според британските медиуми Мајкл Даглас  бил пресреќен поради тоа и на пријателите им се пофалил „дека не може да биде по среќен“ дека на премиерата на филмот „ Last Vegas“ ја носел бурмата и цела вечер зборувал за својата преубава жена.

Славниот актер и јавно се пофали дека повторно живее со своето семејство и заедно ја прославиле „Ноќта на вештерките“. . Како гостин во една емисија Мајкл Даглас изјави :

„Мојот син беше хобит , ќерката носеше костим од дваесеттите години на минатиот век, а Кетрин беше Снежана од бајките, порача Мајкл кој истакна дека доцнел на вечерата и морал од продавница да купи само обична маска .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top