| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските ракометари убедливо против Црна Гора

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ја победи Црна Гора во вториот пријателски меч со 26-21 (11-11) кој заврши вечерва во Струмица, во салата „Аба“. Во првиот меч најдобрите македонски ракометари вчера загубија минимално со 28-29.

Голманите на двете репрезентации, Никола Митревски и Небојша Симиќ имаа одличен ден, но денеска беа подобри избраниците на македонскиот стратег, Хрватот Ивица Обрван. По нерешените 30 минути, Митревски имаше одбрани во клучните моменти кога се кршеше резултатот, па покрај капитенот Кирил Лазаров кој постигна 8 гола и Наумче Мојсовски кој седум пати беше прецизен, беше еден од најзаслужните за победата.

napad

Првото водство македонските ракометари го забележа во 23. минута кога поведоа со 9-8, меѓутоа не успеаја да го задржат до крајот на првите 30 минути, па на паузата „црвено-жолтите“ заминаа со нерешен резултат 11-11.

Во вториот дел, вторпат македонската репрезентација поведе со 19-18, а потоа со пет играчи на теренот го зголеми водството 20-18.

pozdrav

„Аба“ салата во Струмица беше исполнета до последно место. Преку две илјади фанови дојдоа да ја бодрат македонската ракометна репрезентација на пријателскиот дуел против екипата на Црна Гора.

Денеска играа и македонските кадети кои славеа со резултат од 26-23 против кадетите на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top