Манчестер има со што да се гордее на фудбалски план, и двете екипи од овој град имаат моќни клубови, а денеска комбинирано Сити и Јунајтед постигнаа дури 10 гола. Особено настрада Норич кој прими 7 погодоци на гостувањето кај Манчестер сити, а прецизно стрелаа 7 различни играчи, вклучувајќи го и Џонсон кој си даде автогол. Тоа беше најава за фестивал од голови, а мрежата на голманот Руди продолжија да ја тресат Силва, Настасиќ, Негредо, Туре, Агуеро и Џеко.
Нешто поскромни беа фудбалерите на Манчестер јунајтед, кои постигнаа 3 гола во стартните дваесетина минути, преку Валенсија, Ван Перси и Руни, па подзастанаа во дуелот со Фулам во Лондон. Македонскиот ас со шведски пасош Качаниклиќ намали на 1-3 во второто полувреме што беше и конечен резултат.
Натпреварите ги одбележа и необичниот погодок од гол на гол на Асмир Беговиќ за Стоук во дуелот со Саутемптон. На самиот старт босанскиот репрезентативен голман му донесе предност на својот тим, но подоцна израмни Родригес за конечни 1-1. Хул со 1-0 го победи Сандерленд, ВБА за кој не настапи Горан Попов го победи Кристал Палас со 2-0, а Вест Хем и Астон Вила ремизираа без голови. од 18,30 во Лондон се игра дербито на колото меѓу домашниот Арсенал и Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“