| четврток, 6 декември 2018 |

Велкоски немилосрдно ги тресе мрежите, Работнички му се приклучи на Вардар на врвот

Крсте Велкоски игра извонредно во континуитет и немилосрдно ги тресе противничките мрежи во серија, а дека е гол-мајстор потврди и попладнево со два погодоци во победата на Работнички против Гостивар со 2-0. Велкоски беше прецизен во 45 и 68 минута, а „романтичарите“ се израмнија на врвот на табелата со Вардар со 24 бода, но одиграа меч повеќе. Првиот стрелец на клубот од Дебар маало сега е втор стрелец во македонскиот шампионат со 9 гола, зад Блажевски од Турново, кој постигна 12 погодоци.

Утре се играат останатите натпревари од 14 рунда во македонскиот шампионат, а дербито е во тетово каде Ренова ќе му биде домаќин на шампионот Вардар.

Останати двојки, 14. коло (се игра од 13 часот): Металург – Шкендија, Еуромилк ГЛ – Македонија ЃП, Хоризонт Т. – Пелистер и Брегалница – Напредок.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top