Бобан Грнчаров не го дочека крајот на фудбалското дерби во бугарскиот шампионат и беше исклучен во 68 минута, а неговиот тим Ботев сепак славеше со 2-1 против лидерот Литекс. Бугарскиот медиуми известуваат дека македонскиот репрезентативец незаслужено добил црвен картон, односно втор жолт, а сепак најважно за Грнчаров е што неговото исклучување не влијаеше на конечниот исход. Дербито се играше пред празни трибини, а Ботев стаса до трите бода со головите на Вјеира и на Сармов во првото полувреме. Литекс намали во 83. минута со голот на Славчев, а и гостите од Ловеч останаа со десетмина по исклучувањето на Миланов. Литекс остана на врвот со 34 бода, а Ботев со меч повеќе го дели четвртото место со Локомотив Пловдив, каде помошен тренер е нашиот Жикица Тасевски. Двете екипи имаат по 28 бода.
ФОТО: sportal.bg
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)