Опасните „чавки“ од Њукасл го сардисаа моќниот Челси и славеа со 2-0 во премиерниот меч од 10. рунда во Премиерлигата. Францускиот двоец Гуфран и Реми му донесоа значајна победа на Њукасл, а одлуката падна во второто полувреме. најпрво Гуфран погоди во 68 минута, а потоа и реми го докусури фаворитот предводен од Жосе Мурињо со погодок во финишот. Челси остана на третата позиција со 20 бода, колку што има и Ливерпул, со натпревар помалку. „Црвените“ од Енфилд Роуд од 18,30 часот му гостуваат на лидерот Арсенал, кој има 22 бода.
Њукасл се проби на делба на осмата позиција со Манчестер јунајтед, екипа што гостува во Лондон кај Фулам, а двете екипи имаат по 14 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)