Машала Игоре…Го сретнав одамна како дете на филмски фестивал во излижани фамерки, бела маица, зелен елек… Како се викаш го прашав: Името ми е безврска, ама презимето ми е многу силно -Џамбазов. Игор Џамбазов!
Не се давај Игор…
Го научив да пие таа ноќ, не беше лош, лицето ја прими бојата на неговиот зелен елек… Утрото го лечев со дупло кафе… Така почна, така почнавме да се дружиме… Хотел Ревиера, Борис Дворник, Петре Прличко, Драган Николиќ, Коле Ангеловски…
Не се давај генерацијо моја…
Кога дојдов во Скопје по пет години дружење, ми рече ајде да те запознаам со дедо ми, да те водам кај него. Викам што барам кај дедо ти. Ми вика онака… Отидовме кај дедо му, отвора врата и го гледам мојот пријател Петре Прличко…
Мојот пријател кажа сѐ што умее и може на најдобар начин. Мојот пријател Игор Џамбазов!
Слушнете го Раде Шербеџија…
Видео Точка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)