Паневропската унија целосно ги поддржува македонските стратешки цели, оцени денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Во рамки на денешната меѓународна конференција „Европа меѓу вредностите и предизвиците“, по повод одбележување 20 години од основањето на Паневропската унија на Македонија, Поспоски истакна дека паневропската идеја ги поттикнува сите одлучувачи во европските кругови да помогнат за побрзо интегрирање на Република Македонија во европското семејство.
– Сметаме дека со нашето однесување и нашиот придонес во унијата ќе биде да се засили меката сила на ЕУ преку почитување на меѓународно-правните рамки и преку овозможување позитивен дијалог со сите соседи кои сакаат да придонесат во оваа идеја – рече Попоски на прес-конференцијата во МНР.
Упати честитка за јубилејот на Паневропска унија на Македонија и оцени дека конференцијата била добра можност за разговор со пријателите од паневропското движење од повеќе земји-членки на ЕУ за динамизирање на процесот на проширување.
– Разговаравме за важноста на опстојување на европската идеја и посветување на клучните принципи на нејзиното основање, во делот на мирот, стабилноста, економскиот просперитет и почитување на правните норми. И на кој начин тоа можеме да го подобриме во следниот период – рече Попоски.
Изминатите години, истакна, европската идеја е соочена со економски потешкотии и свесни сме дека процест на проширувањето не ја има посакуваната динамика, покрај тоа што секојдневно работиме на афирмација на ова поле.
На новинарско прашање, Попоски одговори дека не е случајно што ЕК пет години по ред вели дека Македонија е целосно подготвена да ги почне преговорите и што Советот не може да постигне консензус поради противењето и искористувањето на позицијата на сила внатре во ЕУ од една земја членка која, како што рече, сака да наметне определено решение надвор
од меѓународно-правната рамка.
– Но, повеќе и одговара заради внатрешно-политички цели. Тоа што е значајно за нас е да продолжиме да бидеме посветени на она што претставуваат европски реформи и почитување на меѓународното право од страна на Република Македонија. Веруваме дека силна Европа може да биде само праведна Европа која ги почитува истите меѓународни норми за кои се залага и ги промовира. Затоа работиме заедно со нашите партнери во Брисел и во главните градови на земјите членки – рече Поповски.
Претседателот на Меѓународната Паневропска унија Алан Тереноар истакна дека Македонија навистина е европска држава. – Отсекогаш била таква и нема никаква причина да се наоѓа во состојбата во која сега се наоѓа.
– Паневропската унија стопроцентно ја поддржува Македонија. Ни треба Македонија внатре во Европската унија и треба сите да бидеме заедно, да работиме заеднички, како европски држави. Да работиме напорно за посилна Европа и Европа која го остварува она што ни е потребно – посочи Тереноар.
Претседателот на Паневропската унија на Македонија Марјан Ѓорчев рече дека се одбележува голем јубилеј, 20 години постоење на овој најстар облик на општествена организација на цивилното општество во Република Македонија.
– Во текот на овие 20 години, она што го направивме како граѓани на Република Македонија го направивме пред се со добрина. Чекорејќи низ македонскиот простор и време со добра мисла, помагавме ан сите досегашни македонски влади, на македонскиот Парламент, на сите наши претставници во европските институции, бранејќи ги македонските вредности на
нашиот општествен систем. А тие не се мали, тоа се европски вредности – рече Ѓорчев.
Македонија, потенцира, има многу да понуди на европскиот континент и на сите европски земји и секогаш тоа го докажувавме.
– Она што е најголема придобивка и од оваа конференција „Европа меѓу вредностите и предизвиците“ е тоа што ние докажавме дека Македонија е константа во процесот на движење кон ЕУ. Сето она што го правиме како реформи, кои пред се, се однесуваат на македоснките граѓани, имаат широк одѕив и голема поддршка кај македонското граѓанство. И
понатаму македонските граѓани даваат огромна поддршка на нашиот пат кон ЕУ – рече Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ