Двајца маскирани мажи синоќа во Косовска Митровица го нападнаа и повредија кандидатот за градоначалник на овој град од
Граѓанската иницијатива „Српска“, Крстимир Пантиќ.
Тој денеска изјави дека целта на нападот била негова ликвидација, изразувајќи верување дека тоа ќе биде последен политички мотивиран напад врз Срби во Митровица. Пантиќ на прес-конференција во српскиот Парламент истакна дека организаторите на овој напад се партиите кои веќе два месеца заговараат бојкот на локалните избори на Косово,
кои ќе се одржат утре.
Кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица упати повик до Србите, и покрај тортурата и заканите, да покажат утре приврзаност кон Србија и српската Влада и да обезбедат создавање на Заедница на српски општини.
Српскиот министер без ресор задолжен за Косово и Метохија, Александар Вулин го осуди нападот врз Пантиќ, нагласувајќи дека тоа е кукавачки чин, кој може да го изврши само некој што искрено ги мрази Србите и кој сака процесот за етничко чистење на Србите да се спроведе до крај.
Според него, доколку ова не се спречи, на Косово нема да може никогаш да се живее цивилизирано.
– Без излегување на изборите ваквите напади ќе станат секојдневие. Бидејќи немаме градоначалник, хулиганите ќе можат да не напаѓаат- додаде Вулин, повикувајќи ги косовските Срби да излезат на утрешните избори.
Во врска со синоќешниот инцидент, претседателот на српскиот Парламент Небојша Стефановиќ изјави дека овој напад врз Пантиќ претставува напад врз државата Србија. Крстимир Пантиќ е еден од петмината кандидати за градоначалник на Косовска Митровица на локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


