| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава драма во Мралино, скопско: попладнево двајца мажи со секира искасапиле соселанец

sekira krv

Жител на село Мралино, скопско околу 13.30 часот попладнево бил донесен со тешки повреди нанесени од две секири во Клиничкиот центар во Скопје.

Мажот за кој полицијата инфомираше само дека има иницијали М.О. бил во толку критични состојба што амбулатното возило било придружувано од дури четири полициски возила, кои го расчистувале патот. Полицајците за побрзо да влезе брзата помош во Клиниќкиот центар, на кратко ја блокирале улицата Водњанска.

Врз повредениот во моментов се вршиу сложени хируршки зафати. СВР Скопје ја потврди оваа инфомација за „Република“, но засега не наведе повеќе детали и причини зошто двајцата напаѓачи  го искасапиле соселанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top