На сцената на албанскиот театар во Скопје од 4 до 10 ноември ќе бидат поставени 8 претстави од театарски трупи надвор од Македонија во рамките на седмото издание на меѓународниот театарски фестивал ”Скупи”. Фестивалот ќе го отвори претставата „Револвер” од Косово, а потоа следат претствите ”Фиаско”, во изведба на театарската трупа од Италија и ”Конкурс” на тетарот „Метропол“ од Тирана.
Директорот на фестивалот Музбајдин Ќамили вели дека било напорно но и чувствува задоволство што собрале различни театарски групи на едно место, а за уметничкиот директор Сенко Велинов, уметниците ќе имаат што да кажат на сцена затоа што ќе бидат третирани социјални теми, сосотјбите на земјите во транзиција, како и прашањето како да се дојде до власт, па дури и љубовта.
– Ја постигнавме целта затоа што пред публиката ќе го претставиме и трудот на наши сограѓани кои што работат надвор од земјата како што се Куштрим Бектеши и Дејан Дуковски, додаде Велинов.
За време на фестивалот ќе бидат изведени и претстави од Словениа, Унгарија, франција и САД.
Претставите ” Револвер” од Косово и ”Конкурс” од Албанија ќе се изведат на албански јазик, а пак другите на јазикот на државата од која доаѓаат.
купи фестивал”е финанциран од Министерството за култура и компанијата ОНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации