Полицијата во три одвоени случаи пријавила неколкумина за злоупотреба на службена положба и фалсисфикување документи.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ј.(41) од Куманово, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“. Во периодот од 2009 до крајот на 2010 година, пријавениот во својство на сопственик и управител на ДТУ „Стефанел-Ко“ ДООЕЛ Куманово на четири лица им ветил дека ќе им изработи системи за парно греење, при што од нив наплатил сума од 415.950 денари, а наплатените средства не ги внел на сметка на претпријатието, ниту пак им издал фактури за издадената основа.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.С.(48) од Струмица и против правното лице „Продинамика“ ДООЕЛ-Струмица, за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“, додека П.С. е пријавен и за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2010 и 2012 година, првопријавениот во својство на сопственик и управител на горенаведеното правно лице во книговодствената евиденција на фирмата не евидентирал фактури од извршени услуги за поправка на моторни возила во вкупен износ од 313.584 денари, со што одбегнал да плати ДДВ и персонален данок на доход во износ од 96.833 денари, со што го оштетил Буџетот на Р. Македонија.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(41) од Битола и против правното лице „Б.Т.“ ДООЕЛ Битола за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Во периодот од 18.08.2008 до 30.12.2009 година, во горенаведеното правно лице на кое е управител М.Т. не се прокнижени во книговодството шест одобренија за расипана и оштетена стока во износ од 14.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


