| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски: Странските инвестиции се успешна приказна

Stavrevski intervju (1) dolgaНајниски даноци во Европа и добра бизнис-клима ја прават Македонија и натаму да биде исклучително атрактивна за инвеститорите, оцени вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

– Приказната за странските инвестиции во Македонија е една успешна приказна за тоа ако ја подобриш бизнис-климата што е евидентно бидејќи со години по ред сме меѓу најдобрите реформатори во светот, меѓу 10 топ-реформатори во светот и преку еден амбициозен план на презентации на инвестициските можности пред инвеститорите во Европа, но и на другите континенти да можат да се привлечат странски инвестиции во земја која е релативно мала и каде  инвеститорите можеби немале претходно интерес, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека од година во година во Македонија доаѓаат светски компании и брендови кои порано ги немало во земјата и кои не само што отвораат една туку и повеќе фабрики.

–  Тие фабрики се отвораат не само во Скопје, туку и во внатрешноста и од тој аспект за нас е значајно да продолжиме со ваквите напори да се зголеми износот на странски инвестиции и да се отворат нови работни места како тоа што се случуваше во Кавадарци и Битола, да се случи и во сите други места во Македонија.

Според податоците на Народна банка на Република Македонија, странските инвестиции во земјава заклучно со агуст се 157,3 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top