„Матица македонска“ во соработка со македонското друштво „Македонија“ во Љубљана ја оформи и отвори библиотеката со богат избор на македонски книги од сите области на општественото и културното живеење. Со цел афирмација на македонскиот јазик, култура, историја и традиција, „Матица македонска“ обезбеди книги кои ќе бидат од голема корист за младите кои го зборуваат, а особено за оние кои го изучуваат македонскиот јазик.
Со оваа богата колекција од книги на македонски јазик, Македонското културно друштво во Љубљана ќе биде вистинска матица за сите Македонци кои живеат во Република Словенија. Ваквата соработка на „Матица македонска“ продолжува со уште неколку македонски друштва ширум светот, а се цел афирмација на македонскиот јазик, културата и традицијата и воопшто афирмација на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


