| четврток, 6 декември 2018 |

Запленета поголема количина дрога кај Табановце

droga kafasan

Mакедонските цариници на граничниот премин „Табановце“ денеска запленија поголемо количество дрога, информира Царинската управа.

Дрогата била пронајдена изутрината во 8 часот при детален преглед на патничко моторно возило со германски регистарски таблички управувано од државјанин на Литванија.
Повеќе детали за случајот, за количеството и за видот на запленетата дрога, Царинската управа најави дека ќе соопшти во текот на денов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top