| четврток, 6 декември 2018 |

Професор Стефан Е. Николов: Бу­га­ри­ја е оп­сед­на­та со ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње

stefan nikolov

Не ги при­фа­ќам тие те­зи, ка­ко прет­ста­ву­ва­ње­то на си­те Ма­ке­дон­ци ка­ко Бу­га­ри, ни­ту не­ос­но­ва­но­то зе­ма­ње стра­ни­ци од учеб­ни­ци по исто­ри­ја и нив­но при­ка­жу­ва­ње ка­ко бу­гар­ска, срп­ска или ма­ке­дон­ска исто­ри­ја. Исто ка­ко ед­но ре­ше­ние до­не­се­но да­ле­ку од лу­ѓе­то во за­ча­де­ни­те по­ли­тич­ки ка­би­не­ти – од таа ли­ни­ја на ко­ја си­те, без Тур­ци и Ро­ми­те, се Ма­ке­дон­ци, вели про­фе­со­рот Ни­ко­лов во интервју за неделникот Република.

Кол­ку е Бу­га­ри­ја оп­сед­на­та со Ма­ке­до­ни­ја и со ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и на што се дол­жи тоа?

НИКОЛОВ: Да, точ­ни­от збор е оп­сед­на­тост од Ма­ке­до­ни­ја и од ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње. И при­чи­на­та е исто­ри­ска. Во пра­кти­ка, не по­стои бу­гар­ско се­мејс­тво што не­ма бли­зок род­ни­на што по­тек­ну­ва од Охрид, Ку­куш, Со­лун… Тоа не мо­же да се за­не­ма­ри или да се по­де­ли, не­за­вис­но од исто­ри­ски­те окол­но­сти или по­ли­тич­ки про­ме­ни. Не­ма ка­ко, не е воз­мож­но кој би­ло Бу­га­рин да ја по­чув­ству­ва Ма­ке­до­ни­ја ка­ко не­што ту­ѓо и да­леч­но – са­мо ка­ко ту­ри­стич­ка де­сти­на­ци­ја или при­род­на уба­ви­на. Тоа, пак, е оп­сед­на­то­ста со Ма­ке­до­ни­ја – пре­тен­зи­ја­та да се слу­чи тоа, да би­де за­бо­ра­ве­на емо­ци­ја­та (или за­бра­не­та), да се из­бри­шат ре­до­ви­те од исто­ри­ски­те ра­ко­пи­си, по­е­зи­ја­та, ли­те­ра­ту­ра­та, ка­де што се иска­жа­ни збо­ро­ви што се не­при­фат­ли­ви од глед­на точ­ка на со­вер­ме­ни­те по­ли­тич­ки до­ктри­ни. Ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње ќе би­де над нас уште дол­го вре­ме и не­ма на­ско­ро да да­де ед­но­ста­вен од­го­вор. А да­ли во­оп­што и ни тре­ба та­ков ед­но­ста­вен од­го­вор, кој иск­лу­чу­ва се­ка­ква дру­га ал­тер­на­ти­ва?

Про­фе­со­рот Сте­фан Е. Ни­ко­лов е по­стар на­у­чен со­ра­бот­ник во Ин­сти­ту­тот за со­ци­о­ло­ги­ја при Бу­гар­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки. Во пер­и­о­дот од 2000 го­ди­на до 2003 го­ди­на пре­да­вал и на Уни­вер­зи­те­тот на Ју­го­и­сточ­на Евро­па во Те­то­во. Автор е на по­ве­ќе на­уч­ни тру­до­ви, а ед­но од не­го­ви­те пос­лед­ни де­ла е „Пер­цеп­ци­и­те на ет­нич­ка­та при­пад­ност во бу­гар­ска­та по­ли­тич­ка кул­ту­ра: Не­до­раз­би­ра­ње и ди­стор­зи­ја“, кое е об­ја­ве­но во кни­га­та на Ви­ктор Ру­до­ме­тоф „Ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње: кул­ту­ра, исто­ри­о­гра­фи­ја и по­ли­ти­ка“.

(Целото интервју со професорот Стефан Е. Николов можете да го прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 1. ноември)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top