| четврток, 6 декември 2018 |

Коки: Се знаеше дека на Дуле му се ближи крајот

dule2

Виолинистот Николчо Јанков-Коки, вокалот од дуото Дуле и Коки ќе настапи на концертот на Игор Џамбазов точно на 40 дена од смртта на неговиот пријател и колега Душан Љубисављевиќ- Дуле. Тој за Вест открива дека болеста на Дуле, со кого тој се дружел цели 20 години, не била единствена и од поодамна знаел дека крајот полека се ближи, само што никој не можел да поверува во тоа.

– Беше многу недисциплиниран и живееше бурен и напорен живот до последен момент. Со години се обидував на разни начини да му се доближам и да разговараме за неговото здравје, но тој не сакаше да разговара. Дури тие разговори преминуваа во големи расправии – раскажува Коки.

Дуле беше човек што сака да успее во животот, беше мангуп и луѓето го сакаа, се сеќава Коки.

– Кога почина Дуле, бев тргнат да си го земам автомобилот откај жена ми, бидејќи таа утрината отиде со неа, а во меѓувреме еден другар од Штип беше тргнат кон Скопје и бевме договорени кога ќе стигне, да одиме во болница кај Дуле. Тргнав пеш од дома, да се прошетам и по половина час се јави мајка му. Ми кажа дека Дуле починал. Тешко е да се коментира, а уште потешко да се опише тој момент. Појдов накај болница. Му се јавив на другар ми, кој беше тргнат од Штип, велејќи му: „Задоцнивме“. Не сум свесен за многу работи, но знам дека да беше здрав и жив, ќе одевме и ќе свиревме уште сто години, вели Коки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top