| четврток, 6 декември 2018 |

20-катница на местото на сапунарата „Цветан Димов“

cvetan-dimov-fabrikaОпштина Кисела Вода во потрага по решение за средување на просторот околу некогашната фабрика за сапун „Цветан Димов“, јавува порталот Билд.мк . На местото на полусрушената градба обрасната со растенија во иднина ќе се гради станбена зграда со максимум 20 ката. Локалната власт објави оглас за продажба на градежната парцела со површина од 4.403 метри квадратни, на која е предвидено да се подигне објект со висина од 25,20 до 57,50 метри и со површина од 42.517 метри квадратни. Локацијата ќе се наддава по почетна цена од 4.300 денари за метар квадратен, при што депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 1.950.000 денари.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 3 декември, додека купувачот на локацијата ќе се знае на 11 декември, за кога е закажано јавното наддавање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top