Градоначалникот на Торонто, Роб Форд може да се соочи со правосудните органи, откако полицијата му предаде на судот видеоснимка, на која тој е снимен како пуши крек.
Канадската економска престолнина од мај е потресена од овој скандал, откриен од медиумите, кои јавуваат дека градоначалникот Торонто е наркоман.
Во мај две медиумски куќи објавија дека изгледале куса видеснимка, на која Форд пуши крек во друштво на лица, идентификувани како трговци со дрога.
Форд сепак демантираше дека конзумирал крек, но признава дека пушел канабис.
Во моментот на објавувањето на информацијата сајтот Гоукар и весникот „Торонто стар“ не можеле да ја претстават видеоснимката, бидејќи неговите автори барале 200 илјади евра за него.
Полицијата се здоби со видеоснимката при конфискување на компјутерски материјал во јуни, во рамки на истрагата за трговијата со оружје и дрога во Торонто. Видеоснимката му е предадена на судот, а градоначалникот се уште не е сослушан.
Новинарски екипи го чекаат пред неговиот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.