„Ако не сум оној кој може да го реши овој проблем, можам да бидам оној кој може да го влоши“, вели Али Ахмети лидерот на ДУИ во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, одговарајќи на прашање поврзано со името на државата. Ахмети вели дека Албанците се граѓани на оваа земја и се заинтересирани да се реши ова прашање.
Прашан за ефектите од неговите посета на Грција и на државите од ЕУ, Ахмети порача дека не го сторил тоа за да ја преземе работата на министерството за надворешни работи.
„Не направив заткулисни работи за да наштетам на мојата земја Република Македонија. Туку затоа што сега е моментот двете страни да седат на маса и да не излезат од собата се додека не постигнат договор“, вели Ахмети и додава дека ќе продолжи да работи за да се постигне решение и да се продолжи со евро интеграциите, а декември, според Ахмети, ќе се видат резултатите.
„Се работи на тоа да се најде компромис. Прво мора да се подготви македонската јавност. Во спротивно земјата ќе тргне кон изолација, а прва мерка на меѓународната заедница ќе биде запирање на кредитите и фондовите“
Околу тоа како тогаш би реагирале Албанците во Македонија, Ахмети со одговор „Ако нема решение Албанците ќе земат албански пасоши, исто како што Македонците земаат бугарски пасоши“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


