Заклучно со 28 октомври се откупени 1.058 тони тутун со просечна цена од 160,51 денари за килограм тутун од предвремениот откуп. Можеме да бидеме задоволни од досегашниот предвремен откуп на тутунот иако не се откупени сите договорени количини, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
– Станува збор за пониската класа на лисја од тутун. Оваа цена е за 15 отсто повисока од минатогодишната цена во истиот проект за предвремен откуп на тутунот. Како најзастапен е тутунот „Прилеп“. Цената за него е 160,51 денар, а за „Јака“ се откупени 56 тони со просечна откупна цена од 160,55. Вкупната вредност на тутунот до 28.10 изнесува 169 милиони и 808 илјади и 22,70 денари, а се исплатени 74,88 тони односно 127 милиони 150 илјади и 166,78 денари, изјави Димовски.
Тоа е потврда како што рече на доброто законско решение со кое се овозможува да се води стриктна контрола на целокупниот систем од производство, откуп па се до плаќањето и квалитетот на тутунот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Љупчо Димовски: Се воведува јазична федерализација во државата (Видео)
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Димовски: Во Собрание влезе народ да си ја брани државата


