Според информациите на германскиот магазин „Билд“, Фетел како бонус за титулата добил пет милиони евра, додека секој од 650-те вработени во базата на Ред Бул во англиското место Милтон Кејнс, заслужил по 12 илјади евра.
„Овој трофеј не го освоија само автомобилистите, туку целиот состав. Секој поединец на врвен начин го заврши својот дел од работата“, изјави Фетел минатата недела, по триумфот во трката за Големата награда на Индија.
Тој е најмладиот четирикратен светски шампион во Формула 1 натпреварувањето. До крајот на сезоната во „најбрзиот циркус“ на светот преостануваат уште три постојки, во Абу Даби, во Остин, Тексас, како и на патеката Интерлагос во близината на Сао Паоло
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



