| четврток, 6 декември 2018 |

Колку литри вода се потребни за еден литар вода?

voda siseЧувствителни затоа што сите им зборат дека трошат премногу ресурси, Меѓународната асоцијација за пакувана вода решава за прв пат во историјата да провери колку вода се троши за производство на еден литар, пренесе Офнет.

Крајниот просек, за компаниите од Северна Америка е 1,39 литри вода, за пакување на 1 литар вода. Ова е далеку под глобалниот просек на другите течности, на пример за еден литар газирани пијалаци се потребни 2,02 литри вода, за пиво се потребни 4 литри, за еден литaр вино требаат 4,74 литри. Кај жестокиот алкохол, просекот е 34,55 литри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top