Првиот човек на баварското Министерство за внатрешни работи, Јоахим Херман, денеска во Скопје со министерката Гордана Јанкуловска потпишаа декларација за соработка во борбата против криминалот, корупцијата, трговијата со луѓе и проституција, против детската порнографија, криминалот со наркотици, компјутерскиот криминал и интернет-криминалот, незаконското производство и трговија со оружје и полициската соработка.
– Договорот е унапредување на соработката во делот на форензичката наука, меѓународната трговија со историски и културни добра и спречувањето на сите злоупотерби поврзани со тоа – изјави Јанкулоска по потпишување на декларацијата. Таа информира дека е иницирано прашањето за заемно признавање на возачките дозволи.
– Македонија прави сериозни напори за соочување со овој проблем. Билансот од минатата година покажува дека бројот на лажните азиланти што влегле во Германија е повеќе од преполовен. Тоа значи дека напорите на Владата на Република Македонија вродуваат со плод – изјави баварскиот мининстер за внатрешни работи на конференцијата за печат во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


