| четврток, 6 декември 2018 |

Запрена истрагата за Вулин на Косово

kosovoGranicaКосовското јавно обвинителство ја прекина истрагата за српскиот министер за ресор Александар Вулин поради незаконски влез на територијата на Косово и ја повлече наредбата за негово апсење.

Обвинителството добило извештај од полицијата, според кој, на 17 октомври Вулин влегол во Косово со возот што сообраќа на релација Краљево-Звечан-Косовска Митровица.

Косовското Обвинителство на 24 октомври почна истрага против Вулин за незаконски премин на границата, а потоа Основниот суд во Косовска Митровица издаде наредба за негово апсење.

Вулин е министер без ресор во српската Влада задолжен за Косово и Метохија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top