| четврток, 6 декември 2018 |

Германските компании се заинтересирани за инфраструктурата

миле и германцитеГерманските компании се заинтересирани за соработка со македонските фирми. За нив, инфраструктурата е важен предуслов за инвестирање и водење на бизнис во Македонија. Од вчера дел од нив се во посета на Македонија за да се информираат за условите за инвестирање и идните проекти во државата. Според заменик-амбасадорот во Германската амбасада, Ханс-Хелге Сандер, Македонија е интересна локација за инвестирање и реализација на проекти.
– Со коридорите 8 и 10 и добрата географска положба, државата претставува јазол меѓу многу пазари, земји и пристаништа. Инфраструкуратата игра многу голема улога. Германските компании кои инвестираа во Кавадарци и во Битола велат дека инфраструктурата е толку добра на овие локации што без проблеми можат за три часа своето производство од камионот што ќе им дојде до подготвени производи, да го вратат со готови производи, истакна Сандер.
Министерот Миле Јанакиески, осврнувајќи се на проектите што ги презема Владата во делот на патиштата и железницата, нагласи дека нејзин приоритет остануваат вложувањата во инфраструктурата. Информираше дека се обезбедени средства во висина од 637 милиони евра за изградба на делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид со што ќе се скрати времето на патување, а во тек е и изградбата на последната делница од Коридорот 10 од Демир Капија до Смоквица. Во моментот се работи и на рехабилитација на дел од Коридорот 10 и кон почетокот на декември ќе биде објавен повик за ангажирање на компанија.
Јанакиески нагласи дека во последните години интензивно се инвестира и во железничката инфраструктура и поврзувањето со соседните држави со што ќе се обезбеди поголема брзина на возовите.
На конференцијата беше искажан интерес од германска страна за директна соработка со македонски компании од областа на логистиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top