Полициски службеници од тетовската полиција, во координација со инспектори на Управата за јавни приходи, вчера попладне спроведоа акциска контрола во три објекти на тетовското подрачје, по претходни сознанија дека во нив се наоѓаат апарати за игри на среќа и дека се приредуваат вакви игри.
Во два објекти без фирма лоцирани на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, во кои биле затекнати тројца вработени, Т.Р ( 20 ), Н.Л ( 26 ) и О.Д ( 30 ) од Тетово, пронајдени и времено одземени се пет апарати за покер и опрема за игри со кучиња ( два монитори и компјутер), како и извесна сума пари од дневниот промет.
Во третиот од контролираните објекти во Долно Седларце, пак, што го управувал Д.Ј ( 46 ) од Милетино, одземени се четири покер апарати.
Одземените апарати и опремата се фотодокуменирани, а затекнатите лица повикани во СВР Тетово за расчистување на сите поединости во врска со тоа кои се сопственици на апаратите и како и колку време се користеле, по што ќе следуваат пријави за комар и даночно затајување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?