| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон го налути Бекам

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед Дејвид Бекам е уште еден во низата разочарани луѓе по објавувањето на автобиографијата на Алекс Фергусон.

По завршувањето на кариерата Бекам има план да основа фудбалски тим во Мајами, каде што уште ќе финансира и изградба на фудбалски стадион, а поради тоа што го напишал Фергусон во книгата, сега сигурно нема да биде добредојден на церемонијата.

Фергусон во неговата книга го нарекол Бекам себичен и личност што е опседната со славата, што на Бекам воопшто не му се допаднало, па поради тоа нема да го покани поранешниот стратег на Манчестер јунајтед на неговата промоција на тимот.

Сепак Бекам не е единствениот што се најде на тапет во новата книга на Фергусон, шкотскиот стратег пишувал и за Рафа Бенитез, како и за Стивен Џерард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top