Кристијано Роналдо постигна три гола за Реал Мадрид против Севилја, со ефектот го престигна легендарниот Ференц Пушкаш во клупската истија на „кралевите“, а патем не заборави да го поздрави и Сеп Блатер. Извонредниот Португалец намерно салутираше по еден од головите, а пораката беше упатена за претседателот на ФИФА, Блатер. Швајцарецот што ја предводи светската куќа на фудбалот претходно изјави дека „Роналдо изгледа како командант на теренот, но повеќе ми се допаѓа играта на Меси“.
Роналдо не заборава, а најдобриот стрелец на Реал Мадрид одигра неверојатно добар меч во победата против Севилја од 7-3, игран синоќа.
Со трилингот голови Кристијано го престигна Пушкаш на листата најдобри стрелци во Реал и сега е на третото место на вечната листа со 157 погодоци на 146 средби во белиот дрес. Пушкаш падна на четвртата позиција со 156 гола во 180 настапи. На врвот неприкосновен е Раул Гонзалес со 228 гола.
Роналдо моментно е колидер и во Примера-дивизија во Шпанија заедно со Диего Коста од Атлетико Мадрид. Двајцата постигнаа по 11 погодоци, но Коста има одиграно натпревар помалку и вечер ќе има шанса да биде осамен на врвот, ако даде барем еден гол против Гранада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)