Иранската телевизија во понеделникот објави дека успешно е лансиран мајмун во вселената и дека успешно се вратил на Земјата. Целиот настан беше проследен со сомнеж затоа што не е прв пат иранските власти да ги „шминкаат“ извештаите за нивните неуспешни проекти.
Сомневањата се темелат на тоа дека мајмунот што беше претставен пред лансирањето имал брадавица над окото, а другиот имал посветло крзно.
Меѓународните набљудувачи пак, се сомневаат во две работи- или мајмунот не го преживеал летот, или летот воопшто не се случил.
Западните земји стравуваат од технолигијата со која Иран би можел да лансира суборбитални ракети затоа што тие може да се искористат и за употреба на нуклеарно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


