| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордна вработеност во Германија

berlin

Во Германија во септември оваа година бројот на вработени лица изнесуваше повеќе од 42 милиони, соопшти Сојузниот завод за статистика, за рекордниот успех на нацијата.

Германскиот статистички завод проценува дека врз основа на растот на конјунктурата, 2014 година ќе донесе уште подобри резултати и нови работни места.

Со бројката од над 42 милиони вработени лица постигнат е рекорд од падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии.

Оваа година оваа бројка, проценува статистиката, би требало на годишно ниво да изнесува околу 41,8 милион вработени.

Од индустриската и трговската комора на Германија (ДИХК), исто така, покажуваат оптимизам и проценуваат дека во наредната година ќе бидат отворени околу 250.000 нови работни места.

Во следната година, според „ДИХК“, може да сметаме на стапка на раст од 1,7 проценти, додека во оваа година германската економија бележи раст од 0,5 проценти.

Во Германија во овој месец имаше 2,801 милиони невработени лица, што е за 48,000 помалку отколку во септември, но и 48,000 повеќе отколку во октомври минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top