Во натпреварот меѓу Ајачио и Гингамп можевме да видиме неверојатно недоразбирање на тренерот и играчот.
Поранешниот фудбалер Фабрицио Раванели денеска е тренер на тимот на Ајачио, кој овој викенд загуби од екипата на Гингамп со 2-1. Но, при водство од 0-1 Раванели го замени својот напаѓач Гаџија Тали бидејќи фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска се виткаше од болки по еден старт над него.
Тој побара да го изнесат од теренот бидејќи не можел да оди, Раванели не губеше време, веднаш повика друг играч да го замени. На неверување на сите, Тали веднаш се опорави и со чудење ја гледаше неговата замена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


