Некогаш го прогласуваше за најдобар фудбалер, а сега не знае за кого се работи. Зошто Кун Агуеро го расплака Марадона?
Агуеро беше под заштита на Марадона бидејќи се забавуваше, а потоа и се ожени Џанина, една од ќерките на славниот Аргентинец. Во тие моменти Марадона изјави дека Агуеро е неговиот наследник и беше незаменлив во аргентинската репрезентација додека тој беше селектор.
Нивните односи се расипаа кога играчот на Манчестер Сити се разведе од неговата сопруга по четири години поминати во брак, а сега се борат за старателство на нивниот син Бенџамин. Марадона на неговиот 53. роденден јавно го навредуваше Агуеро.
– Во прашање е слабак на кого му го заборавив името. Џанина долго патеше, сега е време на судот, а следниот пат ќе отидам и јас со неа да видам дали таа кукавица ќе смее да каже што било. Често плачам бидејќи патат мојата ќерка и мојот внук. Го видов Бенџамин преку Скапјк, ми посака среќен роденден и се расплакав – вели Марадона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Maрадона бесен: Има само еден виновник за вчерашниот срам!
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Фудбалската ѕвезда повторно на колена: Диего Марадона ја запроси својата девојка Роција Олива
-
Марадона за СП 2018: Во полуфиналето на Мундијалот се „тимови од мигранти“