| четврток, 6 декември 2018 |

Дожд од голови во Мадрид, Реал ја торпедираше Севилја (видео)

geret-bejl-

Во последниот натпревар од денешната програма од 11. коло во шпанската Примера-дивизија екипата на Реал Мадид го торпедираше тимот на Севилја со 7-3. По два гола постигнаа Бејл, кој ги постигна првите голови во Примера, и Бензема, а хет-трик на натпреварот постигна Кристијано Роналдо. Ревијата со голови ја отвори Бејл со два погодока во 13. и во 27. минута.

Во 32. минута беше досуден пенал за Реал, кој успешно го реализираше Роналдо. Екипата на Севилја се врати резултатски во натпреварот со два брзи гола во 38. и 40. минута преку Ракитиќ од пенал и Бока.

Во вториот дел домашната екипа продолжи со одличните реализаторски способности и со првиот гол на Бензема во 53. минута зголеми на 4-2.

Следуваат по еден гол на двете страни Роналдо во 60 минута за Реал и повторно Ракитиќ за Севилја во 63. минута. Конечните 7-3 беа поставени од Роналдо во 71, минута и Карим Бензема во 80. минута од натпреварот.
Со новите три бода Реал го држи чекорот со Барселона и Атлетико Мадрид кој има натправар помалку кој го игра утре на гостински терен против Гранада.

Во другите денешни натпревари Валенсија беше изненадена од фенерџијата во лигата, екипата на Алмерија, на својот стадион со 1-2. Валјадолид одигра нерешно 2-2 со Реал Сосиедад, а Осасуна го победи тимот на Рајо Ваљекано со 3-1.

Вчера: Еспањол-Малага 0-0, Селта-Барселона 0-3.

Утре: Гранада-Ателтико Мадрид, Вилјареал-Гетафе, Атлетик Билбао-Елче, Бетис-Леванте.

Реал Мадрид-Севилја 7-3 (Бејл 13,27, Роналдо 32, 60, 71, Бензема 53,80 – Ракитиќ 38,63, Бака 40)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top