Американската разузнавачка служба НСА ги прислушувала телефонските разговори во Ватикан, па дури и комуникациите на папата, тврди италијанскиот неделник „Панорама“, но неделникот што припаѓа на семејството Берлускони не го наведува изворот во текстот.
Се стравува дека американското големо уво продолжило да ги прислушува разговорите на кардиналите се до почетокот на конклавата на 12 март кога беше избран новиот папа Франциск, пишува неделникот.
Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди тврди дека светата столица нема информации за вакво нешто.
– Немаме информации за ова. Во секој случај, не сме загрижени – изјавил Ломбарди.
Во Италија во 2012 година и во 2013 година само во еден месец се прислушувани 46 милиони телефонски разговори – објави интернет-сајтот Криптом, но оваа информација индиректно ја демантираше италијанската тајна служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран